Три месеци ги игноририрав овие симптоми бидејќи тоа на сите им се случува! Кога конечно отидов на доктор...

31-годишната Шери од Америка секојдневно трпела болки, поминувала низ здравствени проблеми кои горе-долу ги мачат повеќето луѓе, па не ни насетувала што ја чека. 

img

Надуеност во стомакот, болки, прејаденост, дијареа биле само дел од симптомите кои мислела дека се вообичаени.

- Се обидов со се, чаеви, топли облоги, но се стана полошо, имав дијареа, а дури и вода да се напиев имав ужасни болки. Се обидов и со диети и здрава храна, но залудно, вели таа.

На крај се поставила дијагноза дека има рак на дебелото црево, поради тоа што не отишла на лекар навреме и ги занемарила симптомите.

Поминала низ тешки операции и третмани, кои и оставиле лузни, како и изгореници.

Таа советува, секој кој чувствува нелагоднпост да оди на лекар и да не помине низ пекол како неа.

Објавено понеделник, 13 ноември 2017 01:51:00
Напишано од Виолета



Последни вести