После 42 години одлучил да се запознае со жената со која се допишува од дете и...

Педесет и шест годишниот Џорџ Госн од Лонг Ајленд конечно отиде во Сан Диего да ја запознае педесет и четири годишната Лори Герц со која се допишувал, ни помалку ни повеќе – цели 42 години!

img

Почнале да се допишуваат кога тој имал 14 а таа 12 години. Прво таа испратила таканаречено „писмо-синџир“ до 6 лица, и очекувала сите да и вратат – и одговорил само Џорџ.

–  Мислам дека требаше да пратам 6 писма и очекував стотици, а добив само едно – вели Лори, пишува „Inside Edition“.

Од тој момент, тие продолжиле да си праќаат писма следните 42 години, по едно секој месец.

Средбата на „пријателите по писма“ била исклучително срдечна. Џорџ и го покажал првото писмо кое Лори му го пратила како дете. Во него пишува: „Здраво Џорџ. Колку години имаш? Јас имам 12 ипол. Имаш ли браќа или сестри?“

Лори за „Inside Edition“ изјави дека им требале повеќе од 4 децении да се запознаат, бидејќи Џорџ бил многу суеверен и мислел дека ако се видат, тоа ќе им донесе лоша среќа.

– Мислев дека ако ме види, нема да и се допаднам – вели тој.

Џорџ се запознал и со сопругот на Лори, кој вели дека средбата со Џорџ била „како со одамна загубен член од семејството“.

– Чувствувам како да сме пораснале заедно – вели Лори.

Објавено вторник, 16 мај 2017 05:37:00
Напишано од Виолета



Последни вести