Починатиот татко му остави најубав подарок за роденден на синот

Тинејџерот од Мичиген, Џонатан Кроу пред два месеци го загуби својот татко.

img

Пред некој ден Џонатан наполни 16 години и најголемото роденденско изненадување стигна токму од неговиот починат татко.

Џонатан бил вљубеник во музиката, па татко му решил да му подготви гитара, како изненадување за 16-от роденден.

– Дента го земав брат ми од училиште и му ставив превез преку очите. Отидовме во музичкиот центар каде го доби изненадувањето со порака: „Среќен роденден пријателу. Твојот татко е многу горд на тебе, напиша сестрата на Џонатан, на Фејсбук, објавувајќи ја приказната.

Објавено понеделник, 12 јуни 2017 06:11:00
Напишано од Виолета



Последни вести