Исповед на една жена: Ќе ви откријам ГОЛЕМА ТАЈНА... Ми беа потребни 39 години за да го сфатам ОВА

Една анонимна 39 годишна жена раскажува за суштината на животот и убавината кон која сите жени толку тежнеат.

img

Нејзината приказна ја пренесе Huffington Post, а ние ви ја пренесуваме во целост во продолжение.

Ќе ти откријам една голема тајна: Денес си многу убава!

Ми беа потребни 39 години за да го сфатам ова, убавината која ја поседуваме и сега кога сум целосно свесна за тоа, морав да го споделам заедно со вас.

Еве како го сфатив тоа…

Додека се подготвувам да зачекорам во четириесеттата година од животот, би сакала сега штотуку да наполнев 30 години. Со полни 30 имав 10 кг помалку отколку сега. Немав брчки на лицето, подбрадок. Купував работи во делот за јуниори.

Кога имав 30 години бев убава, но не го знаев тоа. Бев фокусирана само на оние негативни работи кои ги имав – оние 5 килограми вишок, градите кои после доењето почнаа да се опуштаат и стомачето кое ми остана по бременоста.

Сакав повторно да имам дваесет години како порано.

Кога имав 20 години, бев 10 килограми послаба, со затегнати стомачни мускули и бутови, градите ми беа цврсти и полни и не ни помислував на тоа дека на задникот можам да имам дупчиња, и задоволно носев бикини бидејќи имав многу, многу повеќе самодоверба.

Кога имав 20 години бев преубава, но не го знаев тоа.

Бев фокусирана само на негативните работи – се споредував со девојките кои беа послаби и поубави од мене, со природна руса коса. Дома постојано бев пред огледало. Сакав да бидам иста како нив. Им завидував…

Сега, кога сум на прагот на моите четириесетти години, ги гледам моите фотографии од 30 години и гледам една прекрасна жена. Ги гледам фотографиите кога имав 20 години – гледам една прекрасна девојка.

Сега знам дека кога ќе имам 50 години и ќе ги гледам моите фотографии кога сум имала 40, ќе видам една убава жена.

Што значи тоа? Значи дека и денес сум убава. Исто како и ти!

Објавено вторник, 27 декември 2016 03:57:00
Напишано од виолета



Барај

Последни вести