Внимавајте, овие години од животот се најкритични

Постои период во животот кога се преслушувате и некои од нив ви е многу тежок и ви се чини дека никогаш нема да помине.

img

Ви се наближуваат дваесетиседум години и имате впечаток дека се ви е вон контрола и дека ништо неможете да сторите.

Вашиот живот губи смисла, повеќе не ваш, сте станале нем набљудувач во истиот. Ако ова ви се случува, тоа е сигурен знак дека поминувате низ криза на дваесетите.

Спрема студијата на LinkedIn, 72% млади луѓе поминале низ оваа криза. Таа се случува, како што истражувањеата тврдат во дваесетиседмата година, во момент кога младата личност го преиспитува својот животен пат и кариера.

Спрема неодамнешни истражувања воглавно тоа се прашања кои се однесува на работата, дали сакате да работите тоа што сакате во 57% случаи. Притисок околу наоѓање партнер трпат 46% млади. Чести се загрижувањата околу финансиите, и тоа е голем проблем со кои се соочуваат младите генерации во денешно време, и не само тие.

"Денеска дваесетиседумгодишните се под голем притисок на искривената слика за животот, кои се пласираат по медиуми", вели клинички от психолог Алек Фовк.

"Литературата сугерира дека клучни предизвици со кои се соочуваат луѓе на возраст од 18 до 35 може да се вклучи и конфузија на идентитетот, внатрешниот конфликт кога не се исполнуваат очекувања кои на самите себеси си ги поставиле и независноста", додава Фовк.

Тој ја опишува оваа криза како "период на несигурност, сомневање и разочарување кога е во прашање работа, односи и финансиска ситуација", која може да произлезе од период во животот после големи промени во тек н адолесценција, кога личноста почнува да се сомнева во својот живот и почнува да се соочува со огромен стрес поврзан со фактот дека станува возрасна личност".

Просечна криза трае 11 месеци, а тоа не е кус период, напротив.

За полесно да поминете низ овој период разговарајте со луѓе, најдете ги оние кои работат работа што вие би ја сакале да ја работите и отворете се пред нив за тоа како се чуствувате.

А кога ќе сватите дека тоа не нешто каде што само вие поминувате ќе ви биде полесно да согледате за што се работи. На база на искустото од другите луѓе кои веќе поминале преку оваква криза и некои ваши заклучоци, полесно ќе најдете начин сето тоа да го пребродите, а при тоа да не бидете збунети.

Објавено сабота, 18 ноември 2017 04:26:00
Напишано од Виолета



Последни вести