Жените полудуваат по големи задници, но што всушност му прават на вашето здравје?

Неспорно е дека големиот задник на мажите им е многу секси, меѓутоа што тој навистина му прави на вашето здравје? Покрај формата "обратно срце", постојат форми A и V, коцка и кружна форма, а следниот изглед на задник е најдобар за вашето здравје.

img

Доколку имате кружен задник тој може да ви ги зголеми шансите кај мажите, но и да му допринесе на вашето здравје. Во светот најпопуларни се големите задници на Џенифер Лопез, Бијонсе, Селма Хаек и сестрите Кардашијан. 

Да се има голем задник меѓу девојките стана голем хит и неостварен сон кај оние кои природата не била толку дарежлива. Жените практично се "убиваат" од вежабње во теретана за да го постигнат тоа, а некои се одлучуваат тоа да го направат со естетска корекција.

Неспорно е дека големиот задник на мажите им е многу секси, меѓутоа што навистина му прави на вашето здравје? Доколку е природен, тој е изграден од масни наслаги и мускули. Неодамна едно истражување покажало дека жените кои имаат повеќе масти околу колковите и бутовите имаат мали шанси да заболат од дијабетес, но можат да добијат инфаркт или шлогирање.

Додатната количина на масти во долниот дел од телото се однесува како сунѓер кој упива масти и не дозволува тие да стигнат до внатрешните органи. Жените со поголем задник имаа таканаречена "круша" градба. За разлика од "јаболко" каде мастите се складираат во центарот на телото, па овде нема опасности од додавање масти во пределот на стомакот и струкот што е многу опасно бидејќи содржи хемикалии кои многу лесно можат да стигнат до крвотокот.

 

Но, ситуацијата не е толку позитивна кај жените кои веќе имаат прекумерна тежина. Големиот задник, но и останатите делови од телото покажуваат дека нивото на масти веќе е големо и може да доведе до оштетување на плуќата и срцето. Масните наслаги на стомакот и органите во утробата можат да бидат многу опасни и можат да пуштаат штетни хемикалии кои може да бидат фатални за срцето. Масните наслаги на  и бутовите, кои се наречени подкожни, не се ни малку штетни по нашето здравје.

 

 

Објавено недела, 08 октомври 2017 01:24:00
Напишано од Виолета



Последни вести