Еве како да се подмалдите со две состојки

Изгледа еликсирот на младоста го консумираме секое утро, само малку погрешно.

img

Двете тајни состојки на подмладувањето, како што тврдат козметичарите, се млекото и кафето.

Доколку решите оваа маска да ви стане главна утринска навика, потребни ќе ви бидат:

Мелено турско кафе
Млеко со пониска масленост

Подготовка:

Ставете го кафето во сад и додавајте по неколку капки млеко, додека не добиете густа паста. Нанесете ја маската на чисто лице, избегнувајќи го делот околу очите. Почекајте 15-20 минути за кожата да ги впие потребните хранливи вредности. Исплакнете со млака вода.

На овој начин ја регенерирате кожата, ја подобрувате циркулацијата и го изедначувате тенот.

Објавено вторник, 23 мај 2017 05:31:00
Напишано од Виолета



Последни вести