Водените балони ќе ги заменат пластичните шишиња: Еве како ќе пиеме сокови и други течности во иднина

„Оохо“ балоните се одржлива замена за пластичните шишиња и чаши, направени со користење на смеса од натриум алгинат, алги и калциум хлорид.

img

За една година во продажба би требало да се најдат водени балони кои се јадат, кои ќе послужат како замена за пластичните шишиња и чаши.

Балоните се потполно биоразградливи и природни, па без проблем можат да се изедат. Тоа се флексибилни пакетчиња наполнети со вода на кои можете да направите дупче па да пиете од таму или пак да ги конзумирате цели.

Пакувањето е поевтино од пластиката и може да ја содржи која било течност.

Секој балон содржи околу 250 милилитри вода и чини две центи.

Објавено петок, 14 април 2017 05:08:00
Напишано од Виолета



Последни вести