Пет фактори кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Ракот на дојка е најчестата болест кај жените, а токму поради тоа е важно да ги преземете сите можни мерки со цел да се заштитите.

img

Заболувањето од рак на дојка е поврзано со низа фактори врз кои, на поголемиот дел можете сами да влијаете. 

Дебелина

Дебелината кај жените го зголемува ризикот од рак на дојка за дури 30 до 60 отсто. Ова истражување го спровела светската организација за борба против карцином на дојка.

Масните клетки го поттикнуваат развојот на женскиот хормон – естрогенот. Зголеменото производство на естроген пак, го поттикнува развојот на клетките на тумор.

Физичка неактивност

Резултатите од речиси 30 научни истражувања потврдуваат дека ризикот од заболување кај жените кои вежбаат барем 3 часа неделно е намалено за дури 30 до 40 отсто.

Лоши прехранбени навики

Бројните истражувања покажуваат дека црвеното месо и шеќерот го поттикнуваат развојот на клетките на туморот. Пиењето на големи количини на алкохол влијае врз брзото создавање на естроген, а со тоа се зголемува ризикот од рак на дојка.

Зеленчукот пак има потполно спротивен ефект – зелката, карфиолот, брокулата и кељот делуваат антивоспалително и со тоа го балансираат нивото на естроген во организмот. Сличен ефект има и црвениот зеленчук (домат и морков) и лисестиот зеленчук (зелена салата и спанаќ).

Генетика

Жените кои во гените BRCA1 и BRCA2 носат одредена мутација имаат значајно поголем ризик од заболување од рак на дојката.

Семејна анамнеза

Доколку некој во вашата потесна фамилија (мајка, сестра, баба) заболел од рак на дојка, дури и доколку не сте носител на споменатите гени, шансите за заболување од ваквата болест се удвојуваат. Доколку во семејството имате повеќе од една личност која заболела од рак на дојка, вашиот ризик е тројно поголем.

Објавено недела, 08 октомври 2017 05:41:00
Напишано од Виолета



Последни вести