Анксиозност - 6 штетни последици од оваа состојба

Секој од нас во одреден момент од животот чувствува анксиозност и страв. На пример, пред јавни настани или финансиски тешкотии. Но, тоа се само два примера.

img

Анксиозноста често има големо влијание врз нашето физичко и психичко здравје. Таа води до невообичаени несакани ефекти, кои се поголеми од вообичаена главоболка или зголемено потење.

1. Нарушена визуелна перцепција - појава на халуцинации

Некои гледаат темни дамки како им се појавуваат пред очи. Други зборуваат за темна фигура која ги плаши. Ако сте постојано под стрес , може да доживеете проблеми со идентификување на просторот, висината и големината на предметите, особено за време на тешки напади на анксиозност. Ова обично се случува во попладневните часови, кога концентрацијата опаѓа.

2. Постоење на гасови и надуеност

Метеоризмот е еден од неудобните и непријатни проблеми со кои човекот се соочува. Тоа е и еден од страничните ефекти на анксиозноста. Овој проблем често е придружен од проблеми со варење и тешкотии во дишењето.

3. Хормонални проблеми

Од анксиозност најмногу страда ендокриниот систем, која е одговорен за работата на жлездите кои произведуваат хормони во телото. Сигналите за проблемите кои доаѓаат во нашиот мозок под стрес и анксиозност може да му пречат на нервниот систем, а очигледно и во лачењето на хормоните.

4. Кожен осип

Многу често, анксиозноста предизвикува појава на акни околу носот, челото и образите. Овој проблем исчезнува кога се чувствуваме подобро и кога стресот го нема. Ако состојбата ви се влошува, може да добиете кожни алергии и иритација.

5. Губење на косата

Верувајте дека секоја анксиозност се одразува на надворешниот изглед и иако губењето на косата не е типичен симптом, сепак е уште еден можен редок пропратен ефект на оваа состојба.

6. Проблеми со спиењето и други необични реакции

Тешко заспивање и нарушен сон се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како физички, така и психички. Се разбира, не е изненадувачки ако пред важно интервју за работа цела ноќ не спиете и се вртите во кревет. Сепак, ако често се будите ноќе, страдате од кошмари и возбуда за време на спиењето - ова како целина, може да е последица од постоечка анксиозност. Од неа се и ненадејните напади на ирационален страв, кои може да се појават во текот на ноќта, или страв од летање или од луѓе.

Симптомите често се придружени од мускулен напор во рацете, вилицата и други делови од телото.

Објавено сабота, 19 ноември 2016 03:43:00
Напишано од Елена



Барај

Последни вести