Пет намирници кои го чуваат здравјето

img

Здравата исхрана не е важна само за ширината на вашиот струк, туку голем број на намирници кои спаѓаат во оваа категорија изобилуваат со витамини и минерали кои нудат низа предности за целиот организам.

Еве неколку намирници за кои можеби не сте биле ни свесни какво дејство имаат на вашето здравје:

Јагоди за заштита на кожата

Со само една чинија јагоди вашето тело добива 130% препорачана дневна доза количина на витамин Ц. Овој витамин е важен за производство на колаген кој и дава на кожата еластичност и цврстина.

Цреши- намалете ја болката во мускулите

Црешите содржат киселина која ја ублажува болката на мускулите. А нивниот вкус се причина плус зошто да го консумирате ова овошје.

Спанаќ за подобар вид

Иако за многумина морковот е зеленчук кој влијае на видот, сепак спанаќот содржи голема количина на бета-каротен кој изобилува со витамин  А и игра клучна улога во подобрување на видот.

Зобни снегулки за зголемена циркулација

Зобот содржи аминокиселина аргин која ја поттикнува циркулацијата па затоа е одличен избор за дневен оброк. Добрата циркулација може да го намали холестеролот и да влијае на појако либидо.

Цимет за непријатен здив

Овој зачин ги уништува бактериите кои се наоѓаат на јазикот и во усната шуплина кои доведуваат до создавање на непријатен здив.

Објавено петок, 31 мај 2013 01:50:00
Напишано од Сандра



Најади се:Најчитани

Последни вести