Мелем за вашиот црн дроб: Направете сами мед од тиква

Како и многуте видови на мед, медот од тиква исто така се користи во медицински цели. Областите на примена на овој мед се разновидни.

 

За тоа време шеќерот ќе се стопи во сокот од тиква. Штом ќе се стопи шеќерот, го тргаме поклопецот и добиената течност ја префрламе во стаклен сад.

Ако случајно на поклопецот од тиквата се фатила мувла, тоа не е ништо страшно. Во тој случај направете дупка на дното на тиквата, и преку неа истурете ја течноста во тегла.

Чување на медот од тиква:

Најдобро е да се чува во фрижидер во чиста стаклена тегла со капаче. Рокот на траење му е околу 1 месец.

За да го зачувате подолго, може да го сварите додека се згусне, но во тој случај се губат корисните состојки.

А како се користи овој мед?

Тоа е ваш избор. Можете со него да засладувате чај, можете да го користите самостојно 2-3 пати дневно, по 2-3 супени лажици, може да го користите како прелив за палачинки или да измислите своја варијанта.

Користете го колку сакате временски. Ако ви е малку може да припремите одеднаш 2-3 тикви.

Ако во некој случај не сакате или не можете да користите шеќер, тиквата наполнете ја со мед од пчела. 

Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.

Објавено вторник, 15 ноември 2016 11:35:00
Напишано од Елена



Најади се:Најчитани

Последни вести