Овие грешки често ги правите, а го пореметуваат месечниот циклус

За поголемиот дел од жените менструацијата не е воопшто пријатно искуство, бидејќи често е проследена со болни грчеви, неправилно крвавење, нервоза и други видови непријатни симптоми. Погледнете ги следниве начини на кои самите можете да ги зголемите овие непријатности за време на месечниот циклус.

img

Сте заборавиле на пилулата за контрацепција. 

Хормоналните промени се главни виновници за неподносливите менструални грчеви и појавата на сериозен ПМС. Пилулите за контрацепција помагаат при регулирање на хормоните во нашето тело и ако пропуштите да испиете само една од нив, лесно може да дојде до нередовно крвавење.

Не спиете доволно. 

8-часовниот вечерен сон не е мит, баш напротив, тој постои со причина. Редовното заспивање во исто време и минималниот сон од 8 часа е најдобар начин да се погрижите дека и вашиот месечен циклус ќе биде редовен и помалку болен. Недостатокот на сон може да го продолжи процесот на крвавење, како и да ги зголеми грчевите.

Пиете премногу кафе. 

Месечниот циклус може да создаде несоница, раздразливост и нервоза. Истото може да се случи и со пиењето преголема количина кафе. Токму затоа треба да го намалите консумирањето кофеин за време на месечниот циклус со цел да не ги влошите симптомите кои веќе постојат.

Често патувате. 

Хормонот кој е познат како мелатонин е одговорен за нашето успивање. Тој се создава во нашето тело кога ќе почне ноќта да паѓа и исчезнува за време на дневната светлина. Доколку имате недостаток од овој хормон, што може да биде предизвикано од често патување, ќе доживеете несоница која со денови ќе ве одржува будни.

Од друга страна пак, промените на климатските или временските зони силно влијаат на производството на мелатонин, хормонот кој влијае врз балансот на сите останати хормони во телото. Токму затоа и воопшто не е чудно што вашиот циклус е нередовен за време на ваков вид промени во вашиот живот.

Не се откажувате од алкохолот. 

Чашата црвено вино после ручек или пред спиење не е лоша работа, баш напротив, тоа може позитивно да влијае на вашето здравје. Но, алкохолот го продолжува траењето на менструалните грчеви, па затоа би било добро доколку го избегнувате за време на ПМС-от и месечниот циклус.

Премногу вежбате. 

Долготрајните телесни вежби наменети за целото тело, можат негативно да влијаат и врз балансот на хормоните во вашето тело. Токму затоа и пожелно е доколку ги избегнувате напорните тренинзи за време на месечниот циклус. Во овој период, докторите препорачуваат исклучиво лесни и умерени телесни вежби кои помагаат со симптомите.

Изложени сте на многу стрес. 

Кога сме нервозни, нашето тело испушта кортизол, хормонот на стресот, кој лошо влијае врз целиот организам. Особено за време на месечниот циклус. Ако со денови пред да ви дојде менструацијата сте биле под голем стрес, тогаш ќе доживеете многу посилни грчеви, болки во јајниците, појава на мозолчиња и прерано или задоцнето крвавење.

Објавено четврток, 09 ноември 2017 02:20:00
Напишано од Виолета



Пијалоци:Најчитани

Последни вести