Како лошото спиење влијае на успехот во работата

Одењето во кревет секој вечер во исто време за многу е тешка задача. Сепак, оваа навика може да влијае на нас на повеќе начини.

img

Научниците откриле дека оние секоја вечер одат на спиење во исто време се многу поуспешни од оние кои не водат сметка за ова. Како што на организмот му е потребен одреден број часови за сон, исто така на организмот влијае и навиката за легнување во исто време.

Малото истражување над 61 студент на Харвард покажале дека оние кои имале најнередовен сон имале и најлоши оценки.

И не само тоа. Оние кои на спиење оделе во исто време, полесно се буделе наутро и им било потребно помалку време за да заспијат навечер.  Кај спротивните случаи, пак, часовникот за спиење станува збунет.

Интересно е дека сите студенти спиеле по еднаков број на часови, но нивниот биолошки часовник варирал.

Објавено среда, 14 јуни 2017 04:50:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести