Еве на кои ризици се изложувате доколку пиете алкохол на студено време

Пиењето алкохол во зима делува како да ве стоплува, всушност ова не е баш така – пиењето алкохол на ладно време може да има лоши последици по здравјето.

img

Чувството на топлина додека пиете алкохол е лажно – пиењето алкохол всушност ја намалува вашата телесна температура. Доколку температурата на телото падне под 35 степени, се појавува хипотермија.

Но зошто чувствуваме топло додека пиеме?

Алкохолот ги проширува крвните садови под кожата и тие се полнат со топла крв и ова прави да се чувствувате топло, па дури и да поцрвенете. Но во ладни услови ова може да предизвика хипотермија.

Оние со срцеви проблеми треба да избегнуваат алкохол во ладните месеци.

Затоа ако пиете алкохол, избегнувајте тоа да биде надвор или во ладна просторија.

Објавено сабота, 07 јануари 2017 07:21:00
Напишано од виолета



Пијалоци:Најчитани

Барај

Последни вести