3 природни антибиотици со кои ќе ја победите настинката

Колку и да работите на зајакнување на вашиот имунитет, многу често доаѓа до инфекции во текот на зимскиот период. Во тој случај, медицината препорачува користење на антибиотици кои имаат и своја лоша страна.

img

Во продолжение, ви претставуваме 3 природни антибиотици со кои можете да ја одбегнете употребата на вештачките лекови и примањето на инјекции. 

Масло од оригано

Ова магично масло се добива од листовите на билката оригано. Освен што неговиот мирис и арома совршено се сложува со бројните јадења, истражувањата потврдуваат дека маслото од оригано е моќен борец против инфекциите, за што е заслужна состојката наречена карвакрол.

Само мала доза од ова масло поседува неверојатни антибактериски својства против дури 25 различни видови на бактерии.

Дозирање: 1 до 4 капки, три пати дневно во шолја чај или чаша вода.

Бел лук

Белиот лук има бројни моќни својства – тој е природен антибиотик кој ги уништува вирусите во телото, но ги чува нашите здрави бактерии, за разлика од хемиските антибиотици.

Благодарение на главната состојка на лукот – алицин, тој го забавува растот на бактериите, успешно ги уништува вирусите и габите и е одлично средство против настинка и грип.

Дозирање: 2 до 4 чешниња дневно како додаток на јадења или во салата.

Чили

Кајен пиперката е важен дел од азиската историја, како во кулинарството, така и во традиционалната медицина.

Овој едноставен зачин со лут, но дискретен вкус одговара со многу јадења и десерти, а најчесто се користи сушен или во облик на прав. Во кинеската медицина, чилито е природен аналгетик, а има и моќно антибактериско дејство.

Дозирање: ½ лажичка дневно како додаток во јадењата или во чај.

Објавено вторник, 14 ноември 2017 11:44:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести