Овие видови на храна прават да бидеме поглупави!

Научниците од УКЛА и Оксфорд направија попис на храна што неповолно влијае на нашето паметење и расположение, и заради која сме побавни.

img

Често се говори за храна што може да не направи попаметни преку ноќ. Затоа, многу студенти пред испит јадат банани, бадеми, кикирики, чоколада...Но, сте се запрашале ли некогаш која храна не заглупавува? Научниците од УКЛА и Оксфорд направија попис на храна што неповолно влијае на нашето паметење и расположение, и заради која сме побавни.

Шеќер: Консумирање многу шеќер во долг временски период може да предизвика невролошки проблеми. Влијае на нашето помнење и способноста да учиме бидејќи шеќерот во крвта ги ослабнува активностите во мозокот и можноста за обработување на податоците.

Брза храна: Хамбургерите, помфритите и другите видови на „фаст фуд“ влијаат на когнитивната функција и освен ослабено помнење, нивно претерано користење може да предизвика симптоми слични на депресија и тегоби.

Вештачки засладувачи: Нивното често консумирање ја забавува работата на мозокот и резултатот е тоа што стануваме поглупави. Иако многумина го користат за да ослабнат, ако долго се користи може да предизвика оштетување на мозокот.

Пуканки од микробранова: Во нив, многу произведувачи ставаат транс масти, кои водат до повисоко ниво на холестерол и проблеми со срцето, но и намалување на обемот на мозокот, што се случува кај луѓето кои патат од Алцхајмерова болест.

Преработена храна: Честото консумирање на храна со вештачки вкусови и адитиви исто така влијае на когнитивните способности, односно паметењето и концентрацијата ќе бидат полоши.

Гуми за џвакање: Многу од нас не излегуваат од дома без пакетче мастики. Но, можеби два пати ќе размислите ако прочитате што велат британските истражувачи. Имено, нивното истражување открива дека кај луѓето кои џвакале гуми за џвакање, дошло до краткотрајно слабеење на меморијата.

Објавено петок, 18 ноември 2016 02:23:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Последни вести