OВИЕ намирници се одлични за превенција против ракот на бубрегот

Честото конзумирање домати и други врсти овошје и зеленчук, кои содржат високо ниво на ликопен во новата студија се поврзани со намалувањето на ризикот од рак на бубрезите.

img

Инаку,ликопенот е антиоксидант одговорен за бојата на доматот,лубеницата,грејпфрут и папаја а раните истражувања го поврзаа внесувањето на ликопенот со намалување на ризикот за развој на карцином на белите дробови и желудникот.Новите истражувања се собрани во последните 20 години од скоро 9.200 испитаници кои поминале менопауза.

Во просек учесниците во истражувањето со најголем внес на ликопен имале 45% помал ризик од заболување од рак на бубрезите отколку испитаниците кои конзумирале мали количини.Научниците веруваат дека добиените резултати го објаснуваат влијанието на ликопенот врз смалувањето на оксидативниот стрес поврзан со развојот на ракот на бубрезите.

Од податоците во САД,ракот на бубрезите е 9-ти најчест облик на карцином во таа земја.

Објавено петок, 13 јануари 2017 05:27:00
Напишано од виолета



Најади се:Најчитани

Последни вести