Наместо да го фрлате, дознајте што може да направите со стариот леб

Ослободете се од навиката да го фрлате стариот леб и следете ги советите во прилог кои ќе ви покажат што се може да направите со него.

img

Еве неколку интересни совети за тоа како може да го искористите стариот леб.

1. Замрзнете го лебот

Лебот стар неколку дена во замрзнувач може да издржи и до 3 месеци. Откако ќе го извадите, премачкајте го со малку вода или масло и загрејте го во рерна или микробранова. Кората ќе биде крцкава, а од внатре ќе биде топол и мек. Ова е идеално решение кога ви треба леб, а немате од каде да го набавите.

2. Презла

Домашната презла е поздрава од ефтината купечка. Стариот леб запечете го во рерна додека потполно не се стврдне и потоа изронете го или измелете го.

3. Мусака

Стариот леб е идеален додаток во муската со месо, печурки и зеленчук. Исечете го лебот на парчиња или коцки, прелијте го со голема чаша млеко и на него распоредете тиквички, сирење, печурки, домати или месо. Прелијте со сос од павлака, јајца и зачини и потпечете ги во рерна околу половина час.

4. Брускети

Стариот леб е подобар избор за овој специјалитет, бидејќи подобро ги држи состојките од мекиот свеж леб. Натопете го со маслиново масло и посипете зачини и лук. Запечете го во рерна и потоа комбинирајте со домати, сирење, салата и слично.

5. Додаток за супа

Французите од овој додаток направиле специјалитет. Исечете го стариот леб на коцки и додадете во супата наместо тестенини.

хајдпарк.мк

Објавено среда, 21 август 2013 7:15:00
Напишано од Биле

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести