Што се случува ако НЕ јадете МЕСО година дена?!

Експертите велат дека доколку престанете да јадете месо, ќе имате низа здравствени бенефиции.

img

Но, дали е паметно 100% да го отстраните месото од исхраната? Нормално дека не, може да го намалите, но дефинитивно не треба во потполност да престанете да го консумирате.

1. Губење на тежината

Просечна личност може да изгуби 4,5 килограми кога ќе престане да јаде месо. Ова се тврди во истражувањето кое е направено на колеџот за медицина во рамки на Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД. Истражувачите откриле дека диетите кои се базирано на зеленчук имаат ефекти иако не вежбаат.

2. Помал ризик од срцеви заболувања

Вегетаријанската диета го намалува холестеролот и притисокот.

3.Дијабетес

Студијата открива дека лицата кои седмично ги консумираат сите видови месо имаат 29 посто поголема шанса да добијат дијабетес за разлика од вегетаријанците.

4. Рак

Светската здравствена организација обработеното месо го класифицирала како канцерогено, па саламата и сланината се во категории со цигарите и зрачењето. Ова посебно се однесува и на црвеното месо.

Објавено понеделник, 28 ноември 2016 10:00:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Последни вести