Овој отров ви ги уништува коските: Сепак, многумина го консумираат барем еднаш дневно!

Генерално, многумина не се свесни за штетните последици на овој пијалок за здравјето. Најлошо од сѐ е што во големи количества се дава и на деца, што може да доведе до неочекувани последици.

img

Овој „отров“ се газираните сокови.

Според научните истражувања, објавени се нивните влијанија врз телото:

1. Првите 10 минути

Една чаша во себе содржи 10 лажици шеќер, што претставува 100% од дневната дозволена доза. Во телото влегува и фосфорот, кој е заслужен за интензивирање на вкусот.

2. По 20 минути

Доаѓа до пораст на гликоза и инсулин, што доведува до претворање на шеќери во маст во црниот дроб.

3. По 40 минути

Кофеинот во пијалокот целосно се апсорбира во телото. Протокот на крвта се зголемува, а црниот дроб почнува да произведува сѐ повеќе шеќер во крвта. Мозокот почнува да ги блокира рецепторите на хормонот аденозин, што го спречува чувството на замор.

4. По 45 минути

Лачењето на допамин се зголемува, што значајно влијае да се чувствувате добро и тој ефект е сличен на оној кој го овозможува хероинот.

5. 60 минути

Магнезиумот, фосфорната киселина, калицумот и цинкот доведуваат до зголемено варење. Тоа е поврзано со огромните количества на шеќер и вештачки засладувачи, кои го ограничуваат исфрлувањето на калциум преку урина.

6. По 60 минути

Диуретските својства на кофеинот почнуваат да дејствуваат и сите минерали, вклучувајќи ги магнезиумот, калциумот и цинкот наменети за коските, се лачат во урината и се ифрлуваат од телото.

7. Малку повеќе од час

Распоредувањето на шеќерите во организмот е во завршна фаза. Се чувствувате полни со енергија и може да очекувате промени во расположението.

Заедно со газираните пијалоци, од телото се излачуваат вода и хранливи материи кои се неопходни за функционирање на организмот. На крај, ризикот од развој на дијабетес значајно се зголемува.

Објавено понеделник, 05 декември 2016 10:37:00
Напишано од Елена



Пијалоци:Најчитани

Барај

Последни вести