Најново истражување откри: Вообичаените адитиви во храната се поврзани со создавање рак на дебелото црево!

Тие се значајна состојка на голем број видови преработена храна и помагаат да се одржи текстурата и доследноста на прехранбените производи додека се продолжува рокот на траење.

img

Но, изгледа дека хемиските емулгатори како што се полисорбат 80 и кербоксиметил целулоза се главни фактори во ескалација на стапката на гастроинтестинални болести и рак на дебелото црево низ светот, откри ново истражување кое го сподели „Дејли мејл“.

За својата студија, истражувачите од Универзитетот во Џорџија го процениле ефектот на некои од најпопуларните емулгатори кои се користат во преработената храна за да видат како тие влијаат врз стомачната микрофлора на цицачите. Ги тестирале овие хемикалии врз глувци и во соодветни нивоа, слични на оние со кои човекот би се сретнал во вообичаената храна како што е печен леб, маргарин и десертни печива.

Она што го откриле е дека глувците коишто биле хранети со хемикалии, искусиле големи промени во нивниот внатрешен терен на микробите, што резултирало со воспаление од низок степен кое го забрзало создавањето на клетки на ракот. Соодветниот пораст на „лоши“ бактерии ја поништувало рамнотежата на „добри“ бактерии, создавајќи услови погодни за раст и пролиферација на клетките на ракот.

Со Кроновата болест, улцеративниот колитис и други облици на воспалителни болести на цревата, овие наоди имаат силни импликации за улогата која храната ја има во влошувањето на епидемијата на ракот. Четвртиот најчесто дијагностициран облик на рак, по ракот на дојката, простатата и белите дробови, ракот на дебелото црево е сериозен проблем, а емулгаторите делумно се виновни за тоа.

„Полисорбат 80 се користи во фармакологијата да помогне при достава на одредени лекови или хемотераписки агенси низ крвно-мозочната бариера,“ – објаснува педијатарот д-р Лоренс Палевски.

Тој додаде дека оваа состојка ја има и во вакцините.

„Кој вирусен, бактериски, габичен или некоја друга состојка од вакцината треба да помине во мозоците на нашите деца? Дали им е местото таму?“ – се запрашал тој.

Додека оралното внесување емулгатори како што е полисорбат 80 претставува директна закана за стомачните микробиоти, интрамускулно и/или интравенозно земање на полисорбат 80 преку вакцини претставува директна закана за мозокот.

Избегнувањето на овие штетни хемикалии се витални за здравјето. Небитно е дали се внесуваат преку исхрана или вакцина, нивните штетни дејства сега се докажани.

Објавено сабота, 03 декември 2016 12:09:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести