Кој појадок му штети на вашето срце

img

Појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Оние кои го избегнуваат би требало да ја сменат оваа навика, затоа што со тоа прават штета на своето ментално и физичко здравје. Тоа води кон помалку енергија, пократка меморија,имаат поголеми шанси да се здебелат и поголем ризик да заболат од дијабетес.

Но, многу е битно што појадуваме наутро. Она што е вообичаен оброк на многумина додека брзаат на работа е некој пекарски производ или високо калоричен сендвич од некоја од блиските сендвичари.

За жал, истражувањата покажале дека овие производи се лоши за нашето срце. Направено било тестирање со консумација на сендвич од познат бренд на брза храна кој содржи 50 грама масти и 900 калории.

Резултатите покажале дека само еден масен оброк кога појадуваме може да има негативни последици за нашите артерии и срце.

Затоа трудете се да внесувате храна богата со растителни влакна и јаглехидрати како овошје, овесни снегулку, мусли и слично.

 

 

Објавено петок, 31 мај 2013 01:05:00
Напишано од леонардо



Пијалоци:Најчитани

Последни вести