Дали пуканките се здрави?

Во најчестиот облик, кога се подготвуваат на топлина - пуканките се здрави житарици со цело зрно, нискокалорична грицка богата со антиоксиданти. Една порција од овие пуканки има само 93 калории, грам масти и четири грама влакна.

 

 

img

Пуканките печени на зејтин со прелив од путер, како што се продаваат во кината, сепак се по малку здрави и имаат многу повеќе калории.

Според истражувањата во Центарот за наука и јавен интерес (Center for Science in the Public Interest) во Вашингтон, наведува Си- Ен - Ен паковање пуканки средна големина содржат 1200 калории. Покрај тоа, содржат 980 милиграми натрум и 60 грама заситени масти, што е доволно за три дена.  Дури и ако изедете само едно средно пакување на пуканки, пак би внеле количина масти доволна за пола ден.

Ако купувате веќе подготвени пуканки во продавница, проверете ги податоците за нутритивните вредности, бидејќи на тие производи количината на натриум и шекер варира. Пуканките со разни слатки или солени прелви може да има и до четири лажичиња шеќер по пакување.

Објавено недела, 08 јануари 2017 09:19:00
Напишано од виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести