Чоколадото е најдобро да се консумира за појадок

Според истражувањата кои ги спровел универзитетот во Сиракузи, црното чоколадо ги подобрува когнитивните функции на мозокот и ја подобрува меморијата и концентрацијатa.

img

Со оглед на тоа дека на сите нѝ е важно нашиот мозок што подобро да функционира во текот на денот, научниците заклучиле дека чоколадото е најдобро да се консумира за појадок. 

Освен тоа, науката наведува уште неколку ситуации во кои црното чоколадо е повеќе од добредојдено: на пример пред полагање на испит, но и пред спиењето.

Токму така, истото чоколадо кое наутро ќе ви овозможи подобра работа на мозокот, ќе биде и ваш најдобар сојузник пред спиењето.

Секако, чоколадото е наш најдобар пријател и кога сме лошо расположени – тоа го поттикнува создавањето на ендофрин, хормон кој нè прави посреќни. Освен тоа, црното чоколадо го намалува и ризикот од мозочен удар и дури помага при елиминирање на вишокот на килограми бидејќи го забрзува метаболизмот. 

Познато е дека црното чоколадо во нормални количини е добрo за здравјето, но внимавајте при купување на истото да го изберете тоа со помалку шеќер и поголем процент на какао.

Објавено вторник, 14 ноември 2017 10:03:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести