Витаминска паста за непобедлив имунитет

Витаминската паста на докторот Николај Амосов, познат украински кардиохирург и академик, е корисна за срцето бидејќи го зајакнува срцевиот мускул и го подобрува имунитетот.

img

Овој лекар е познат по новите методи на хируршки операции на срцето, а неговиот “лек” е извор на витамини, антиоксиданси и микроелементи кои му се потребни на срцето, но и на целиот организам. 

Здравствени придобивки од витаминската паста

• го зајакнува имунолошкиот систем

• го зајакнува срцевиот мускул

• ја зголемува еластичноста на крвните садови

• ја нормализира циркулацијата на крвта

• има антивоспалителен ефект

• содржи витамин Ц, кој помага во асимилација на железото

Како се приготвува?

Пастата е вкусна и се припрема од мешавина на суво овошје. Основата за пастата се мед, ореви и лимон во комбинација со суво овошје како што се смоквите, сувите кајсии, грозјето, сливите и урмите.

Состојки:

• 250 гр. суви кајсии

• 250 гр. суво темно грозје

• 250 гр. суви сливи

• 250 гр. суви смокви

• 1 лажичка ореви

• 1 лимон

• 250 гр. природен мед

Припрема:

1. Ставете го сушеното овошје во блендер и измиксирајте.

2. Измијте го лимонот, исечкајте го на парчиња, отстранете ја лушпата и додадете го во садот.

3. Сипете го медот и останатите состојки и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.

4. Вака подготвената паста чувајте ја во фрижидер.

Како се консумира?

Пастата може да се консумира и на празен желудник бидејќи не предизвикува иритација на стомакот и цревата. Потребно е да консумирате една лажичка три пати дневно, а на децата давајте им по една лажичка дневно.

Објавено среда, 01 ноември 2017 04:36:00
Напишано од Виолета



Најади се:Најчитани

Последни вести