Велат дека медот и циметот се добри за вас...Но, ОВА не ви го кажале...

Комбинацијата на мед и цимет со столетија се користи во древните традиционални кинески лечења. Две состојки со едноставни лековити способности се користат како „домашен лек“.

img

Циметот е еден од најстарите зачини познати во човештвото. Не се користи само за обогатување на вкусот на пијалакот и лековите. Познато е дека медот и циметот се здрава комбинација , но знаете ли што се таа всушност лечи?

Болести на срцето и крвотокот

Направете паста од мед и цимет во прав. Намачкајте ја на леб и јадете ја секој ден за појадок наместо џем или мармалад. Го спречува наталожувањето на холестеролот во артериите и го спречува срцевиот удар. Исто така, лицата кои веќе имале срцев удар, со секојдневно комбинирање на оваа мешавина, го заштитуваат своето срце од следен инфаркт. Редовното конзумирање на пастата од мед и цимет, ја намалува појавата на губење здив и тахикардија. Исто така откриено е дека помага во ревитализација на артериите и вените.

Артритис

Пациентите со артритис треба дневно (наутро и навечер) да земаат по една чаша топла вода со 2 лажици мед и едно мало лажиче цимет во прав. Со тоа ќе помогнат во намалување на симптомите од артирис. Во едно истражување извршено во институт во Копенхаген, при третирањето на 200 пациенти, секој ден со мешавина од една лажица мед и пола лажичка цимет во прав, пред појадок, кај 73 пациенти целосно ја снемало болката за еден месец, а поголем дел од пациентите можеле слободно да се движат без болка.

Инфекции на мочниот меур

Земете две лажици цимет во прав со една лажичка мед во чаша со топла вода и испијте ја. Ги уништува бактериите во бешиката.

Зголемен холестерол

Две лажици мед и три лажички цимет во прав измешајте ги со 450 мл чај, давани на пациент со зголемен холестерол, забележано е дека по два часа го намалува холестеролот за 10 проценти. Исто како кај пациентите со артитис, ако се зема ова секој ден три пати дневно, може да се излечи проблемот со холестеролот.

Настинка

Секој кој има проблем со чести настинки, може да си помогне со една лажица млак мед (никако не го зовривајте медот, само можете да го затоплите) со ½ лажица цимет во прав, еднаш дневно во текот на три дена. Помага и за проблеми со синуси. Освен тоа дневното земање мед со цимет о зајакнува целокупниот имунитет. Додека од Шпанија научниците тврдат дека медот содржи природна состојка која помага во уништување на предизвикувачите на грип.

Објавено четврток, 10 ноември 2016 10:29:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Последни вести