Слабејте со помош на леќа

Леќата е главно јадење во многу азиски кујни. Од неа се прават здрави оброци, како салати, каши, супи. Овие мали мешунки се вистински извор на здравје.

img

Го регулира шеќерот во крвта

Леќата е одлична за регулирање и одржување на здраво ниво на гликоза во крвта. Една клиничка студија објавена во списанието Diabetes Research and Clinical Practice покажа дека учесниците кои имале зголемен број на растворливи влакна (леќата е богата со растворливи влакна ) имале подобрено ниво на гликоза во крвта.

Ја одржува енергијата

Бидејќи леќата е добра во регулирање на шеќерот во крвта, таа спречува да се шири шеќерот во крвта и да се троши многу енергија. Недостатокот на железо е главен фактор за замор и ниска енергија, а леќата е одличен извор на железо. Во една чаша има 6.6 mg, што е 37 % од препорачаната дневна вредност.

Извор на диететски влакна

Леќата е шампион кога станува збор за диететски влакна, што е од суштинско значење за целокупното оптимално здравје. Од голема важност е тоа што леќата има и растворливи и нерастворливи влакна. Една чаша леќа обезбедува импресивни 15.6 g на диететски влакна, што е 63 % од препорачаната дневна вредност.

Го чува здравјето на срцето

Леќата е омилена кога станува збор за здравјето на срцето. Бо текот на 25 години била спроведена голема студија со учесници од САД , Финска, Холандија, Италија, поранешна Југославија, Грција и Јапонија која покажала дека оние кои јаделе од мешунките во текот на студијата имале импресивни 82 % намалување на ризикот од смртност од срцеви болести. Друга студија објавена во списанието Stroke покажа дека оние кои јаделе храна со голем бројна влакна (како што е леќата) имале значително намалување на ризикот за коронарна срцева болест, кардиоваскуларни болести, и мозочен удар.

Богата со протеини

Кога станува збор за протеини ние обично ги бараме во месото, но леќата е исто така богата со протеини. Таа е одлична алтернатива за месо. Една чаша леќа обезбедува 17.9 g на протеини, што е 36 % од препорачаната дневна вредност.

Пoмага при губење на тежината

Леќата е со прилично ниски калории и многу сиромашна со масти. Сите овие фактори комбинирани со високо диеталните влакна ја прават леќата супер храна за губење на тежината.

Објавено сабота, 18 февруари 2017 06:38:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Последни вести