Пробајте диета со овесни снегулки

Овесните снегулки се добро познат извор на протеини, витамини и голем број на хранливи материи кои се полезни за нашиот организам. Оваа намирница е составен дел на многу диети и се препорачува на сите оние кои сакаат да ја намалат или одржат телесната тежина.

img

Со оваа диета на база на овесни снегулки дневно ќе внесувате околу 730 калории што ветува брзо губење на килограмите. Исхраната практикувајте ја 2 недели.

Појадок:

- 100 мл сок од грејпфрут, 200 мл млеко со 3 лажици овесни снегулки

Ужина:

- Чаша посен јогурт со 3 лажици овесни снегулки

Ручек:

- 300 мл овошен сок (без шеќер) измешајте со 3 лажици овесни снегулки и ½ лажичка ладно цедено маслиново масло. Снегулките натопете ги со сокот и јадете по еден час.

Вечера: исто како ручекот

Објавено сабота, 17 август 2013 3:50:00
Напишано од Биле



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести