Доколку сакате да ослабнете јадете во ова време!

Сите сакаме да изгубиме некој килограм и здраво да се храниме. Според ова изтражување, клучот на успехот е во времето кога јадете одреден оброк. Откријте кога е најдобро време за доручек, ручек и вечера.

img

Научниците истакнуваат дека најдобро време за доручек е малку после седум часот наутро. Ручекот е најдобро да се јаде помеѓу 12:30 и 13 часот.

Вечерата после 19 часот може да биде погубна за слабеењето, а најдобро  е да вечерате во 18:30 часот.

Изтражувањето покажало дека 84 отсто од испитаниците сметаат дека времето за оброк е пресудно за губиток на килограмите, додека 74 отсто велат дека најважен оброк е доручекот.

Шест од девет изпитаници заклучуваат дека прескокнувањето на оброците го отежнува слабеењето. Изтражувањето покажало дека оние кои сакаат да ослабнат треба да се држат до строгото правило: Доручекот јадете го како крал, ручекот како принц, а вечерата како сиромашен.

Резултатот од изтражувањето покажува дека четири часа, во периодот од 18 до 22 часот се клучни бидејки во тоа време може да направиме грешки и да изедеме повеќе од што треба, и тоа во поголеми количини.

Трите главни оброци во текот на денот би требало да имаат од 400 до 600 калории. Во доцните часови можете да конзумирате ужинки со низок процент на масти.

Објавено четврток, 16 ноември 2017 06:15:00
Напишано од Вероника



Здравје:Најчитани

Последни вести