Овие 7 работи ги прави секој маж со „плочки“ на стомакот!

Стомачните мускули се многу повеќе од краткотраен проект. Да се одржат стомачни со „плочки“ бара вежбање речиси секој ден. Но не очајувајте. Еве неколку работи што не се толку тешки, а имаат огромно влијание во секси стомачните.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Не се опседнувајте: Стомачните мускули го стабилизираат целото тело и придонесуваат за рамнотежата. Затоа, за нив се корисни вежби што го вежбаат целото тело, а не само стомачни вежби.

Јадете јаглени хидрати: На мускулите им се потребни калории за да пораснат. Вежбањето со силен интензитет е неопходно за согорувањето на мастите и градењето на мускулите. Затоа, во деновите кога вежбате не гладувајте.

Движете се: Дечките со згодни стомачни не одат во теретана секој ден. Но сепак, тие често се движат. Телото не е создадено да седи, и секое движење што подразбира движење на рацете и нозете е и повеќе од корисно.

Сметајте ја храната за гориво: Бидете искрени со себе и јадете онолку колку што ви се јаде. Ако сте седеле на маса осум часа, не треба да јадете многу, доволно ви е да јадете зеленчук и протеини...Освен ако не ви претстои качување на планина по работното време.

Објавено четврток, 30 јуни 2016 3:52:00
Напишано од Елена


Најади се:Најчитани

Барај

Последни вести