Доколку оваа вежба не можете да ја изведете со затворени очи- имате проблем

Едноставна но ефикасна вежба која потекнува од Кина, Јин Ји Ди Ли, може да им  позитивно влијание на следните неколку децении од вашиот живот.

img

Како и  другите поими од кинескиот јазик, и овој  има сликовито значење: „Златен петел стои на една нога!“

Многу  боречки  вештии го користат овој став за фронтален и  бочен напад.

Вежбата дополнително комплицира бидејќи треба да се изведе со  затворени очи, што  за оние над  ќе биде „ѕвоно за узбуна“. Бидејќи доколку  сте во 40-те, а не можете  со затворени очи да одржите рамнотежа подолго од 10 секунди, тоа значи дека имате тело на 60-годишник.

Губењето рамнотежа говори дека  е нарушена енергетска поврзаност помеѓу нашите внатрешни органи и дека нашата биолошка старост е поголема од хронолошката, односно организмот е постар од реалните години.

ЈИН ЈИ ДУ ЛИ ја јакнее оваа енергетска поврзаност и  го успорува стареењето. Оваа терапија за здравјето не чии ништо и  не боли. Само треба да одвоите две минути дневно и  да ја правите вежбата редовно.

Еве ја вежбата:

Во  стоечки  став, со  споени  стапала, исправен грб и  малку истегнат  врат, вдишете и издишете 2- 3 пати и  потоа кренете ја едната нога. Не морате да ја кревате ногата високо и  немојте да се обесхрабрувате веднаш доколку ја изгубите рамнотежата, со  текот на времето  ќе станете посигурни

Објавено сабота, 18 јуни 2016 01:00:00
Напишано од Maja



Здравје:Најчитани

Последни вести