Медитирајте! Телото и духот ќе ви бидат благодарни

За наједноставно олеснување од стресот, медитацијата е совршена метода!

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Држење на телото

Без разлика дали седите на стол или со прекрстени нозе, потрудете се вашиот рбетен столб да е исправен. Умот и телото се испреплетени – ако вашето тело е добро избалансирано, и вашиот ум ќе биде.

 Очи

Потрудете се да ги држите очите отворени. Отворените очи ви овозможуваат да бидете поприсутни. Ако ги затворите очите поголема е веројатноста вашите мисли да одлутаат. Сепак некои луѓе сметаат дека затворените очи им даваат поголема ефективност. Затоа најдобро е да направите онака како што вас ви е најудобно.

Фокус
Медитацијата е прекрасен начин на будење на нашиот живот. Ние сме склони да ги пропуштаме повеќето искуства само затоа што сме на некое друго место во нашиот ум. Во медитацијата најдобро е да се користи дишењето како централен фокус. Тоа е како еден вид на природна врата која го поврзува “надворешното” со “внатрешното”.

Броење
Доколку имате потешкотии со концентрацијата и фокусирањето, пробајте да ги броите вдишувањата и издишувањата. Секогаш кога ќе забележите дека вашите мисли се на повеќе места, пробајте да броите до 33 и назад, со што враќањето до 1 ќе означува враќање во сегашниот момент.

Мисли
Кога ке забележите наплив на мисли, не се обидувајте да ги запрете и блокирате. Ова може само да ви донесе фрустрација и вознемиреност. Едноставно замислете ги вашите мисли како непожелни гости кои се појавиле пред вашата врата. Признајте го нивното присуство и кажете им да заминат враќајки се постепено на вашето дишење.

Објавено недела, 03 април 2016 6:08:00
Напишано од Maja


Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести