Јога за почетници

Во брзиот свет во кој живееме денес, неопходни ни се неколку минути дневно кои ќе го опуштат целиот организам. Добро сместете се, распоредете ги мислите и започнете...

img

Таа потекнува од Индија, каде за прв пат се споменува во Ведите- светиот текст кој датира од 500 година п.н.е.. Почетоците на Јогата биле развиени од страна на Индус-Сарасвати цивилизацијата 5000 години п.н.е.

Подолу можете да го погледнете 20-минутното видео за почетници.

Јогата е донесена на Западот од Индијски гуруа во крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, каде со ентузијазам беше прифатена за нејзината здраствена, емоционална и духовна полза.

Постојат многу различни стилови на јога, некои повеќе физички од другите. Најпознатите видови ги вклучуваат Хата, Аштанга, Кундалини, Раџа и Тантрик јога. Луѓето обично ја одбираат онаа во зависност на нивните потреби, физички способности и приоритети.

Јогата често е поврзувана со сет на завземање на пози (или асани), но има многу повеќе од тоа, вклучувајчи ја специфичната теорија за човековата физиологија, која вклучува проучување на канали на енергија и енергетски центри или чакри.

Се вчитува прикажувачот на видео...

Објавено недела, 20 март 2016 09:40:00
Напишано од Maja



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести