Има сто килограми, а вежба јога и стои на глава како од шала

Дејна Фалсети (22) поминала низ многу додека конечно не станала задоволна самата со себе. Но патот не бил баш лесен.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Оваа студентка, за време на студиите имала 136 килограми, и поради тоа не се чувствувала удобно во своја кожа. Сметала дека вишокот килограми се причина за нејзината тага и очај, па решила да се обиде да ослабне. Килограмите се намалиле, но таа и понатаму продолжила да биде незадоволна со самата себе иако симнала 30 килограми.

Таа сосема случајно се одлучила да почне да оди на часови по јога. На почетокот мислела дека ќе и биде тешко вежбањето поради вишокот килограми. Но, на големо изненадување, таа била доста еластична, дури и од повеќето слаби девојки.

Објавено сабота, 06 февруари 2016 11:10:00
Напишано од Елена


Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести