Започнавте да вежбате? Еве по колку време ќе можете да ја забележите трансформацијата

Тренерот Боби Максимус откри магична бројка,поточно времето кое е потребно да го поминете во теретана како би можеле конечно да кажете дека сте во форма.

img

Верувале или не,потполната трансформација и трудот кој сте го вложиле можете да го забележите по 130 часа поминати во салата за вежбање.Доколку одите 5 пати неделно веќе за 6 месеци ќе забележите колку далеку сте стигнале.

„Во фитнесот нема магични пилули.Да се биде во форма бара неверојатно тешка работа.На повеќето луѓе им се потреби 130 квалитетни часа да бидат во форма” вели Боби.

Тренерот вели дека часовите во теретана не треба да бидат пријатни,напротив- тешка работа и излез од зоната на комфорот носат вистински резултати и промена.

Доколку сте способни на вежбање од 130 часа,но и внимавање на исхраната надвор од теретаната,ќе имате успех.

„Сметајте го ова како отплата на кредит.Кога еднаш ќе го исплатите ќе имате повеќе пари на месечно ниво.Крај на приказната.Се доаѓа на наплата и не можете да побегнете од тоа,а без минимум  130 часа нема успех” заклучува.                

Објавено среда, 25 јануари 2017 03:14:00
Напишано од Виолета



Најади се:Најчитани

Последни вести