Вежбала со 80-годишниот дедо, а сега е фитнес-модел

24-годишната Басја Кастелик од Полска докажа дека се се може кога се има добра инспирација, а нејзината инспирација бил нејзиниот дедо покрај кого го сменила начинот на живот.

img

Двајцата вежбаат заедно, дигаат тегови, трчаат. Басја се вљубила во фитнесот, откако дедо и уште од мала ја вовел во светот на вежбањето.

Благодарение на тоа, таа сега има тело за пофалба и е фитнес-модел. Благодарна е на дедо и и признава дека ако не бил тој, таа никогаш немало да почна да вежба.

Инаку, дедото има 80 години и се посветил на здравиот живот откако го победил ракот, па така и внуката тргнала по неговите стапки. Сега се надева дека ќе биде како него на негови години. Двајцата заедно планинарат, возат велосипед, пливаат, но и готват. Понекогаш уживаат и во чаша вино.

Објавено вторник, 13 септември 2016 03:44:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Последни вести