Склековите ги правите ПОГРЕШНО: Еве како се прават!

На социјалните мрежи се појави движење, кое се состои од предизвик луѓето да се снимаат како прават склекови, а целта е да се соберат сите склекови и да се постигнат 22 милиони. Целта на движењето е хумана: да се подигне свеста за превенцијата на самоубиствата. Имено, според статистиките, 22 воени ветерани во САД се самоубиваат секој ден.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

Ова онлајн движење започна во јуни и до сега се снимени над 4.880.000 склекови. Но, се покажа дека мнозинството луѓе немаат поим како да направат правилен склек.

Еве како да направите правилен склек:

-Не го виткајте телото: Кога започнувате со склекот, една од најчестите грешки што луѓето ги прават е навалување на колковите кон земјата. За да ја подобрите позата, гледајте надолу, а вратот нека ви биде во иста линија со ‘рбетот.

-Избројте до три: Луѓето веднаш се креваат, но тоа ја прави вежбата помалку ефикасна. Секогаш треба да чекате три секунди кога се спуштате, а потоа да се кренете најбрзо што можете. Така ќе почувствувате дека работат мускулите на рамењата, како да смачувате лименка меѓу нив.

Објавено понеделник, 04 јули 2016 5:39:00
Напишано од Елена П


Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести