Дали треба да ги вежбате стомачните мускули секој ден?

Сите сакаме „коцкички“ на стомакот, но дали навистина треба да ги вежбаме овие мускули секој ден за таа цел? Разумот ни вели дека колку повеќе вежбаме, толку е покорисно. Но, иако нема штета да го вежбате стомакот секој ден, постојат и мислења кои го тврдат спротивното.

img
ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПРОЧИТАТЕ

-Нема потреба да правите толку многу вежби за стомакот: Голема заблуда е дека мора да вежбате само стомачни вежби за да го добиете убавиот и секси стомак. Можете да имате импресивен стомак фокусирајќи се и на други вежби, како склековите или хипер екстензиите кои се добри и за одржување на балансот.

-Честото вежбање на стомачните мускули може да предизвика проблеми со исправеноста: Исто како што од седење голем дел во денот може да доведе до свиткана положба на рамениците, така и правеќето стомачни носи ризик од држење на телото во свиткана положба.

-Стомачните вежби не помагаат во отстранувањето на вишокот килограми во пределот на стомакот: Ова е најчестиот мит во фитнес индустријата. Иако ремените и справите за вежбање на стомачните мускули во рекламите го набројуваат и намалувањето на маснотиите во овој дел, сепак стомачните немаат никаква врска со него. Ако имате вишок на килограми во стомакот, се препорачува да го поминете времето внимателно подготвувајќи ги оброците, наместо со правење на стомачни вежби.

Објавено сабота, 14 мај 2016 5:00:00
Напишано од Елена П



Најади се:Најчитани

Последни вести