Има 96 години, ќе се воодушевите колку е витален!

Најстариот светски бодибилдер, Чарлс Југстер, има 96 години и дефинитивно го менува погледот на староста. Тој, кој е заболекар по професија, во своите 60-ти години се посветил на веслање, а со бодибилдинг почнал да се занимава кога имал 89 години. Тој е жив доказ дека телото може да се изградува во кој било период од животот.

img

Сака да заведува млади 70 годишни девојки!

Тој се пошегувал дека сакал да има тело како грчкиот бог Адонис, за по него да се загледуваат секси млади 70 годишни девојки.

Тој предупредил на гојазноста, и дијабетесот, кои се најголеми светски проблеми. Кажува дека решил да живее на здрав начин, а не како повеќето стари особи кои пијат само лекови.

Чарлс вели дека успешното стареење е возможно. Важни се три фактори: доживотна работа и учење, исхрана и вежбање.

Тој вели дека е од пресудна важност старите особи да бидат интегрирани во работната сила, не само поради парите, туку и поради здравјето. Пензијата не е крај, тоа може да биде нов почеток. Можност да се изгради ново тело, и да се започне нов начин на живот.

Вистинска инспирација!

Објавено вторник, 23 февруари 2016 03:40:00
Напишано од Maja



Пијалоци:Најчитани

Барај

Последни вести