Загрејте се оваа зима со домашно подготвена Сангрија!

Наместо портокали и лимони, за да направите зимска Сангрија користете ги плодовите на студеното време – крушки, јаболка, калинки…

img

Состојки:

2 шишиња црвено вино со овошна арома

2 мали јаболка, исечкани на коцки

2 круши, исто така исечкани на коцки

1 исчистена калинка

1-сантиметар свеж корен од ѓумбир, ситно изрендан

1 лажичка цимет

½ шолја бренди или вотка (по желба)

Подготовка:

Ако користите вотка или бренди, јаболката потопете ги неколку часа во алкохолот.

Ставете ги парчињата јаболка, круши, калинките и изренданиот ѓумбир во еден длабок сад или голем бокал, па преку нив додадете го циметот.

Додадете го виното во садот, лесно промешајте и оставете ја Сангријата да отстои 2-3 часа пред послужување.

Во чашите задолжително ставете стапчиња цимет и неколку парчиња од овошјето. Додадете лимон по желба.

Објавено вторник, 22 ноември 2016 04:00:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести