Светот полуде по црната лимонада

Доколку сеуште не стигнала до вашиот инстаграм профил, ова е црната лимонада – најновиот тренд по кој полудеа сите трендсетери на социјалните медиуми.

img

Не е грешка, навистина се работи за лимонада, но во себе содржи уште една состојка – активен јаглен направен од кокосова кора, кој на овој пијалок му дава необична темна боја.

Оваа црна лимонада е одлична за детоксикација на организмот и за губење на килограми, а сигурно и добро ќе ви дојде во случај на мамурлак по некоја бурна ноќ.

Освен активен јаглен, за овој пијалок ќе ви требаат сок од лимон или лимета, вода и некаков засладувач, како на пример мед.

Објавено среда, 12 април 2017 11:42:00
Напишано од Виолета



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести