Еве како да направите совршено варено вино!

Еден од најомилените зимски напитоци, воопшто не е тежок за приготвување...

img

Потребно ви е:

0,75 л суво црно вино

60 г кафен шеќер

1 ловоров лист

1 корен ѓумбир со големина на палец

1 портокал

1 лимон (само кората)

2 каранфилчиња

1 оревче

2 кафени лажици ликер од портокал

Подготовка:

Излупете ги корите од портокалот и лимонот, портокалот преполовете го и исцедете го сокот, па заедно ставете ги во лонец.

Додадете шеќер, промешајте и налејте со вино за да се потопи. Варете околу 6 минути додека не добиете сируп. Потоа додадете го остатокот од виното.

Ѓумбирот излупете го и исецкајте го во претходно добиената течност, па ставете ги останатите зачини.

Кога ќе проврие, тргнете од оган.

Потоа додадете бибер.

Објавено понеделник, 21 ноември 2016 09:43:00
Напишано од Maja



Најади се:Најчитани

Последни вести