Ултимативен пијалок за оваа зима: Заборавете на вареното вино и топлото чоколадо!

Пијалок, кој во исто време ќе ве стопли и расположи!

img

Ладното време со себе носи топли напитоци, а доколку сте љубител на варено вино и топло чоколадо, тогаш сигурно ова ќе ви се допадне!

Новиот пијалок го смислила американската блогерка Кајли Мишел, која ги споила овие два омилени зимски напитоци.

Рецептот подразбира три состојки:

Топло чоколадо

Млеко

Црно вино (се препорачува Cabernet Sauvignon)

Стопете 60 г црно чоколадо и 350 мл млеко. Добро промешајте ја смесата, а потоа во неа налејте 250 мл црно вино и продолжете со мешање.

Уживајте во зимскиот напиток!

Објавено понеделник, 31 октомври 2016 07:50:00
Напишано од Maja



Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести