Безалкохолен освежителен коктел

Освежете се во претстојните топли денови со безалкохолен коктел!

img

Потребни состојки

1.5 кг. лубеница

3 лимони

2 лажици мед

½ л. минерална вода

6 гранчиња нане за декорација

Подготовка

Исечете ја лубеницата на коцки и исчистете ја од семките. Ставете ја лубеницата во блендер. Додадете сок од три лимони и 2 лажици мед и мешајте додека да добиете мазна смеса.Потоа процедете ја смесата низ цедилка во еден поголем сад. Приготвениот сок чувајте го во фрижидерот се до служење. Во голема чаша измешајте 2/3 од приготвениот сок од лубеница и лимон со 1/3 студена минерална вода. Додадете коцки лед и декорирајте со ливчиња нане.

Објавено понеделник, 04 април 2016 07:50:00
Напишано од Maja



Пијалоци:Најчитани

Барај

Последни вести