НЕ брзајте да ја измиете шолјата од кафе: Корисни совети за во домаќинството!

Го испивте кафето? Немојте да брзате веднаш да ја миете шолјата. Талогот од кафето ќе ви биде од корист во вашето домакинство.

img

Како можете да го искористите талогот од кафето:

- Кафето не само што ги отстранува мирисите, но не им дозволува да се мешаат меѓусебно. Ова својство на кафето е корисно при поставување исушен талог од кафе во фрижидер.

- Талогот од кафето ќе ве спаси од „безобразието“ на мачката. Ако вашето домашно милениче зборот „тоалет“го сфаќа како што на него му одговара, научете го да се откаже од таа навика така што ќе го помешате талогот од кафето со исушена и сомелена кора од потокал и ќе ја ставите оваа мешавина на местата кои мачката ги избрала за тоалет.

- Со помош на талог од кафе можете може да ги отстраните гребаниците од површината на мебелот од темно дрво. За тоа да го направите, мора да помешате талог од кафе со малку топла вода и да втриете во изгребаниците на мебелот.

- Со талогот од кафе помешан на половина со глицерин, можете да ги бришете темните работи од кожата. На пример: ташни, ракавици, јакни и сл. Едноставно избришете ја кожата со мека крпа или парче памук натопено во многу јако кафе. Ќе ја воочите разликата.

Објавено понеделник, 17 октомври 2016 9:25:00
Напишано од Елена


Здравје:Најчитани

Барај

Последни вести