Експертите бараат да се забрани оваа супстанца: Поопасна е од хероин и кокаин, а легална е

Американските експерти и сенатори одлучија да ја забранат смртоносната супстанца која не е ни хероин ни кокаин. Се работи за кофеинот во прав.

img

Само една лажичка од овој прав е еднаква на 28 шолји кафе, и дури и мала доза може да предизвика предозирање (кое се манифестира со забрзано срцебиење, напади па дури и смрт), смета американската Агенција за Храна и Лекови.

Правот се продава во вреќички преку интернет, и невозможно е да се одреди безбедната „доза“. Дури и американските сенатори се погрижија и сакаат да го забранат, а посебно по два случаи на смртоносни предозирања во 2014 година.

Првиот случај беше средношколецот Логан Стинер, кој сакал да ја „врати енергијата“, а вториот е 24-годишното момче кој го мешал кофеинот со пијалоци. По овие случаи, од агенцијата е добиена само препорака да се престане со користењето на кофеинот во прав заради опасност, но, сенаторите сметаат дека тоа не е доволно.

„Овој производ не може да се користи во сигурни дози и може лесно да убие повеќе луѓе ако се користи неправилно. Кофеинот се доведува во врска и со бројни други случаи, како користење на енергетски пијалоци“, се наведува во писмото на сенаторот.

Кофеинот води и до покачен крвен притисок, што пак е ризик фактор за мозочен и срцев удар, и се препорачува посебно внимание за време на консумацијата.

Објавено недела, 25 септември 2016 01:10:00
Напишано од Елена



Здравје:Најчитани

Последни вести