Бил ЗАБРАНЕТ 100 години– сега го има во секое кафуле!

Предизвикувал халуцинации,создавал уметнички дела и поттикнувал на убиства – но денес го пие кој сака.

img

Дури во споредба со другите алкохолни пијалоци,апсинтот има лоша репутација – од рана употреба како медицински еликсир до трендот купка со апсинт во раните 1900-ти,тој пијалок има шарена историја која вклучува медицински чуда и убиства.

МЕДИЦИНСКИ КОРЕНИ

Иако потеклото на апсинтот е нејасно,спрема некои наводи прв го произвел Др. Пиер Ординаире во 1792 година како лек против дизантерија и маларија.Напитокот брзо го добива прекарот „зелена вила„ поради својата специфична боја.Овој лек набрзо постанува омилен пијалок,особено меѓу француските војници во Северна Африка.

ОТРОВНА ВИЛА

Како растела популарноста на апсинтот,така пијалокот ги добивало своите први противници. Зелената вила наскоро заработила репутација поради разните случаеви на халуцинација во текот на пиењето. За нив се заслужни ефтините копии на пијалок кои во него ставале токсини како што е бакарот-сулфат.

ЗЕЛЕНО ПРОКЛЕТСТВО

Случаевите на алкохолизам,агресивно однесување по халуцинациите – како што е случајот со Жан Ланфрај кој во 1905 година ја убил својата жена и две деца по целодневно конзумирање- доведе до јавно огорчување и револт на тој пијалок.Во Швајцарија,каде што се случило делото,покрената е петиција за забрана на апсинтот и во кратко време собрала 82 илјади потписи.

ВРАЌАЊЕ НА ОМИЛЕНИОТ ПИЈАЛОК

Апсинтот легално се врати во Европа во 1993 година – дефиниран во Анексот на комисијата за храна и пијалоци.

Објавено четврток, 26 јануари 2017 03:55:00
Напишано од Виолета



Најади се:Најчитани

Последни вести