Не ставајте шеќер во кафето, туку сол

Нема ништо повкусно од филџан јако, црно кафе наутро, за поенергичен почеток на денот. Некои додаваат млеко, а некои пак, шеќер…

img

Сепак, оние поискусни „гурмани на кафето“ често велат дека треба да ставаме сол наместо шеќер, ако веќе не претпочитаме горко кафе. Според нив, солта многу подобро „го разблажува“ вкусот.

Изгледа изненадувачки и неверојатно, но таа теорија се покажа и научно поткрепена. Имено, напис објавен во научното списание „Нејчр”, посочува дека натриумовите јони го потиснуваат горчливиот вкус, а истовремено ја засилуваат аромата на кафето. Истиот метод – сол наместо шеќер, важи и за виното.

Сепак, треба да знаеме дека, за разлика од шеќерот, за тој ефект е потребно сосема малку сол. Значи, без претерување.

Објавено среда, 14 јуни 2017 02:52:00
Напишано од Виолета



Најади се:Најчитани

Последни вести