СТАР ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ: Пиперки во павлака!

Овие пиперки мораат да бидат сомборки, тоа се инаку лути пиперки, веќе добро познати и се користат за овој традиционален стар рецепт...

img

Потребни состојки:

Зависи од количината на пиперките (мерките не се важни)

Пиперки сомборки

Солена вода (сол и вода)

Полномасна кисела павлака

Подготовка:

1. Измијте ги пиперките

2. Исчистете ги од семки

3. Во поголем сад ставете вода и добро посолете ја, ставете ги пиперките и поклопете така што водата да биде преку нив, така пиперките мора да стојат повеќе од 7 дена за да се користат а инаку можат да стојат во солена вода и повеќе од месец дена.

4. Вадете ги пиперките исцедете ги  и полнете ги со павлака, редете ги во пластичен сад една до друга и кога ќе бидете готови со еден ред премачкајте со павлака па повторно одозгора редете друг ред полнети пиперки, се додека не се наполни садот.

5. На крајот повторно премачкајте со павлака и оставете ги на топло место 2 до 3 дена да впијат, од време на време отворете и внимателно соберете ја водата која се насобрала од пиперките.

6. После 3 дена садот со пиперките ставете го во фрижидер и служете.

Пиперките можат долго време да стојат во солена вода (солта нема да дозволи да се расипат) и по потреба вадете и користете ги, така што ќе имате преку цела зима полнети пиперки. 

Објавено понеделник, 22 август 2016 01:45:00
Напишано од Елена



Спорт и рекреација:Најчитани

Последни вести